Стар Завет

Нов Завет

Неемија 3:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога дојде седмиот месец - Израелевите синови веќе беа во своите градови - сиот народ се собра како еден човек во Ерусалим.

2. Тогаш Исус, синот Јоседеков, со своите браќа свештеници, и Зоровавел, синот Салатилов, со своите браќа, почнаа да Му градат жртвеник на Израелевиот Бог, за да принесуваат паленици, како што е напишано во Законот на Мојсеј, Божјиот човек.

3. И подигнаа жртвеник на старото место - иако беа во страв од народот во земјата - и Му принесуваа паленици на Господа, утрински и вечерни паленици;

4. и го славеа празникот Сеници, како што е пишано: принесуваа секојдневно паленици на број одреден за секој ден.

5. Освен тоа принесуваа секојдневни паленици, потоа жртви одредени за млади месечини, и за сите Господови празници, и за сите оние, кои сакаа доброволно да Му жртвуваат на Господа.

6. Од првиот ден на седмиот месец почнаа да Му принесуваат на Господа жртви паленици, иако уште не беа поставени основите на Господовото Светилиште.

7. И им дадоа сребро на каменоресците и на дрводелците; на Сидонците и Тирците им испратија храна, пиење и масло, за да превезат кедрови дрва од Ливан до Јафа според одобрението на персискиот цар Кир.

8. А во втората година по нивното доаѓање при Божјиот Дом во Ерусалим, во вториот месец откако Зоровавел, синот Салатилов, и Исус, синот Јоседеков, со другите свои браќа свештеници, со левитите и со сиот народ, што се врати од ропство во Ерусалим, почнаа да градат, ги поставија левитите од дваесет години нагоре да управуваат со работите околу Господовиот Дом.

Прочитајте целосна глава Неемија 3