Стар Завет

Нов Завет

Неемија 5:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш пророците Агеј и Захариј, синот Адонов, почнаа да им пророкуваат на Јудејците во Јудеја и Ерусалим, во Името на Израелевиот Бог, Кој беше над нив;

2. тогаш Зоровавел, синот Салатилов, и Исус, синот Јоседеков, станаа и почнаа да го ѕидаат Божјиот Дом во Ерусалим: Божјите пророци беа со луѓето и ги бодреа.

3. Во тоа време дојде кај нив Татнај, управител оттаде Реката, Сетар-Воснај и нивните другари пратеници и ги прашаа: „Кој ви одобри да го градите овој Храм и да ги подигате овие ѕидови?

4. Како се викаат луѓето, кои ја изградија оваа зграда?”

5. Но Божјото око бдееше над јудејските старешини, па не им забранија да работат додека веста не отиде до Дариј и додека не стигна писмен одговор за тоа.

6. Ова е препис на писмото, што му го испратија на царот Дариј: „Татнај, управител од онаа страна на Реката, Сетар-Воснај и нивните другари пратеници, оттаде Еуфрат.”

7. Тие му испратија извештај со оваа содржина: „На царот Дариј секаков мир!

Прочитајте целосна глава Неемија 5