4. Како се викаат луѓето, кои ја изградија оваа зграда?”
5. Но Божјото око бдееше над јудејските старешини, па не им забранија да работат додека веста не отиде до Дариј и додека не стигна писмен одговор за тоа.
6. Ова е препис на писмото, што му го испратија на царот Дариј: „Татнај, управител од онаа страна на Реката, Сетар-Воснај и нивните другари пратеници, оттаде Еуфрат.”
7. Тие му испратија извештај со оваа содржина: „На царот Дариј секаков мир!
8. Царот нека знае дека дојдовме во покраината Јудеја кај Домот на великиот Бог: го градат со крупни камења, ѕидовите ги обложуваат со дрво; работата се изведува внимателно и напредува во нивните раце.
9. Ги прашавме нивните старешини и им рековме: ‘Кој ви одобри да го градите овој Храм и да ги подигате неговите ѕидови?’
10. Ги прашавме и за нивните имиња, за да ти јавиме. Така и ги запишавме имињата на оние, кои заповедаат со луѓето.
11. А тие ни одговорија вака: ‘Ние сме слуги на Бога на небото и земјата; го градиме Храмот што беше изграден пред многу години и што го беше изградил и подигнал големиот цар на Израел.
12. Но кога нашите татковци го расрдија Бога на небото, Тој ги предаде во рацете на Халдеецот Навуходоносор, вавилонскиот цар, кој го разурна Храмов и го одведе народот на заточение во Вавилон.
13. Но во првата година на вавилонскиот цар Кир, царот Кир заповеда да се изгради повторно Божјиов Дом.
14. Уште и златните и сребрените посатки на Божјиот Дом, што Навуходоносор ги беше однесол од Светилиштето во Ерусалим и што ги пренесе во вавилонското светилиште, царот Кир ги зеде од светилиштето во Вавилон и ги предаде на човекот по име Сасавасар, кого го постави управител,