Стар Завет

Нов Завет

Неемија 6:15-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Храмот беше завршен во дваесет и третиот ден на месецот Адар. Тоа беше во шестата година на владеењето на царот Дариј.

16. Израелците - свештениците, левитите и Остатокот од повратниците од заточение - го осветија радосно Божјиот Дом.

17. За осветувањето на Божјиот Дом жртвуваа сто јунци, двеста овни, четири стотини јагниња и, како жртва за гревовите на целиот Израел, дванаесет јарци - според бројот на Израелевите племиња.

18. Потоа ги поставија свештениците според нивните редови и левитите според нивните разреди за служба во Божјиот Дом во Ерусалим, како што е пропишано во Мојсеевата Книга.

19. Повратниците од заточение ја прославија Пасхата во четиринаесеттиот ден на првиот месец.

20. Сите левити, како еден човек, се очистија: сите беа чисти; ја жртвуваа Пасхата за сите повратници од ропството, за своите браќа свештеници и за себеси.

21. Пасхата ја јадеа Израелците, кои се вратија од ропството, и сите оние кои - откако прекратија со нечистотата на народот на земјата - им се придружија да Го бараат Господа Израелевиот Бог.

22. И го празнуваа радосно празникот Пресни Лебови седум дена: зашто Господ ги исполни со радост и Го сврте кон нив срцето на асирискиот цар, за да ги зајакне нивните раце во работата околу Домот на Бога, на Израелевиот Бог.

Прочитајте целосна глава Неемија 6