Стар Завет

Нов Завет

Неемија 6:9-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. и што ќе им треба за жртвите паленици на Бога на небото: јунци, овни и јагниња, и пченица, сол, вино и масло, нека им се дава редовно секој ден, според упатствата на свештениците во Ерусалим.

10. Нека принесуваат жртви за пријатен мирис на Бога на небото, нека се молат за животот на царот и неговите синови.

11. Освен тоа повелам: секој што ќе ја прекрши оваа наредба, нека му извадат греда од куќата, па нека биде погубен на неа, а куќата да му стане затоа буниште.

12. И Бог, Кој таму го настани Своето Име, нека ги обори секој цар и народ, кој би се осмелил да ја прекрши мојата заповед и го разурне Божјиот Дом во Ерусалим! Јас, Дариј, ја дадов оваа наредба. Нека се извршува точно!”

13. Тогаш Татнај, сатрапот оттаде Реката, Сетар-Воснај и нивните другари, направија онака како што нареди царот Дариј.

14. А еврејските старешини продолжија да градат успешно по вдахновение на пророците Агеј и Захариј, синот Адонов. Го завршија градењето по наредбата на Израелевиот Бог и по наредбата на Кир и Дариј и Артаксеркс, персискиот цар.

15. Храмот беше завршен во дваесет и третиот ден на месецот Адар. Тоа беше во шестата година на владеењето на царот Дариј.

16. Израелците - свештениците, левитите и Остатокот од повратниците од заточение - го осветија радосно Божјиот Дом.

17. За осветувањето на Божјиот Дом жртвуваа сто јунци, двеста овни, четири стотини јагниња и, како жртва за гревовите на целиот Израел, дванаесет јарци - според бројот на Израелевите племиња.

18. Потоа ги поставија свештениците според нивните редови и левитите според нивните разреди за служба во Божјиот Дом во Ерусалим, како што е пропишано во Мојсеевата Книга.

Прочитајте целосна глава Неемија 6