13. од последните Адоникамовите синови по име: Елифелет, Јеило и Семај, и со нив шеесет мажи;
14. и од Вигваевите синови: Гутај, син Завудов, и со него седумдесет мажи.
15. Ги собрав кај реката што тече кон Ахава. Се влогоривме таму за три дни. Го прегледав народот и свештениците, но не најдов ниеден левит таму.
16. Тогаш ги испратив главатарите Елиезер, Ариел, Семај, Елнатан, Јарив, Елнатан, Натан, Захариј, Месулам, и учителите Јојарив и Елнатан
17. и му ги испратив на Идон, главатар на местото Касифија. Ги ставив во нивната уста зборовите што ќе им ги речат на Идон и на неговите браќа, кои се наоѓаа во местото Касифија, за да ни најдат слуги за Домот на нашиот Бог.
18. Милостивата рака на нашиот Бог беше над нас, и тие ни доведоа разумен човек од синовите на Малиј, син Левиев, син Израелов: Серевиј со неговите синови и браќа - нив осумнаесет.
19. Уште Асавиј и со него неговиот брат Исаиј, син Мерариев, и нивните синови, нив дваесет.
20. А од прислужниците, кои што Давид и главатарите ги поставија за левити за да им служат: двеста и дваесет прислужници. Сите беа запишани по име.
21. Јас прогласив пост таму, покрај реката Ахава: за да се смириме пред својот Бог и за да измолиме од Него среќен пат за себе, за своите деца и за сиот свој добиток.
22. Зашто би се срамувал да замолам војска и коњаници од царот, за да нè заштитуваат патем од непријателот; напротив му изјавивме на царот: „Раката на нашиот Бог е испружена да ги благослови сите оние, кои Го бараат; Неговата сила и Неговиот гнев се над оние, кои го оставаат.”
23. И така постевме и Го молевме својот Бог за тоа, и Тој нè послуша.
24. Избрав дванаесет свештенички главатари, Серевиј и Асавиј, и со нив десетмина нивни браќа;
25. им измерив сребро, злато и посатки; дарови што царот, неговите советници, кнезовите и сите Израелци ги подарија за Домот на нашиот Бог.