Стар Завет

Нов Завет

Осија 7:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога сакам да го лечам Израел, се открива Ефремовото беззаконие и злобата на Самарија; тие се занимаваат со измама: крадецот провалува во куќата, а надвор напаѓаат разбојници.

2. И тие не велат во своето срце дека Јас го помнам сето нивно беззаконие! Но сега нивните дела ги опколија, тие стојат пред Моето лице.

3. Го веселат царот со својата злоба, а кнезовите со својата подмолност.

4. Сите тие се прељубници, како вжарена печка што пекарот веќе не ја вжарува кога ќе го замеси тестото па додека не скисне.

5. Во денот на нашиот цар кнезовите се разболеа од жестокоста на виното, а тој им ја испружува раката на пијаните.

Прочитајте целосна глава Осија 7