Стар Завет

Нов Завет

Осија 7:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Туѓинците ја јадат неговата сила, а тој тоа и не го знае! Седите коси му ја обелија главата, а тој тоа и не го знае!

10. Израелевата гордост е понижена во нивните очи и тие не се враќаат кај Господа, својот Бог, и покрај сè тие не Го бараат!

11. Ефрем е како наивен гулаб и без срце: тие го повикуваат Египет, одат во Асирија.

12. Каде и да одат, ќе ја распнам Мојата мрежа врз нив, ќе ги оборам како небесните птици, ќе ги казнам како што слушале во нивното собрание.

Прочитајте целосна глава Осија 7