Стар Завет

Нов Завет

П.надпесн. 4:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Колку си убава, моја возљубена, Колку си прекрасна! Имаш очи како гулабица, под твојот превез; косата ти е како стадо кози, што слегуваат од гората Галад.

2. Забите ти се како стадо на остригани овци, кога се враќаат од капење: одат две по две како близначки и ниедна не е осамена.

3. Твоите усни се како лента од црвено предено и твоите зборови се љубезни; твоите образи се како калинкини половинки, под твојот превез.

4. Вратот ти е како Давидова кула изградена за одбрана: илјада штитови висат во неа, сè јуначки оклопи.

5. Твоите две гради, како две срничиња, близначиња, што пасат меѓу лилјаните.

6. Пред денот да издивне и пред да се опуштат сенките, ќе тргнам на смирнината гора и на темјановото бреже.

7. Целата си прекрасна, возљубена моја, и нема недостаток на тебе!

8. Дојди со мене од Ливан, невесто! Дојди со мене од Ливан! Слези од врвот на Аман, од лавските пештери, од горите на рисовите!

Прочитајте целосна глава П.надпесн. 4