Стар Завет

Нов Завет

Псалми 105:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Славете Го Господа, повикувајте Го Неговото име, навестувајте ги Неговите дела меѓу народите!

2. Пејте Му, свирете Му, раскажувајте ги сите Негови чудеса!

3. Фалете се со Неговото свето име, нека се радува срцето на оние, кои Го бараат Господа!

4. Барајте Го Господа и Неговата сила, барајте Го секогаш Неговото лице!

5. Спомнете си за чудесата што ги направи, за чудата и за судовите на Неговата уста!

6. Авраамовиот род е Негов слуга, Јакововите синови Негови избраници!

7. Тој е Господ, Бог наш; Неговите судови се по целата земја!

8. Тој си спомнува секогаш за Својот Завет, за словото што им го кажа на илјади поколенија:

9. за Заветот што го склучи со Авраам, и за Својата заклетва на Исак.

Прочитајте целосна глава Псалми 105