Стар Завет

Нов Завет

Псалми 113:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Алилуја! Господови слуги фалете Го, фалете Го Господовото Име!

2. Благословено да е Господовото Име сега и довека!

3. Од изгрејсонце до зајдисонце фалено да е Господовото Име!

4. Господ е возвишен над сите народи, Неговата Слава ги надвишува небесата.

5. Кој е како Господ, нашиот Бог, Кој седи во висините

6. и ги гледа, одозгора, небото и земјата?

7. Го воздига бедниот од правот, го вади сиромашниот од калта,

8. за да го седне со првенците, со првенците на Својот народ.

9. На неротката и дава да се настани во дом, како радосна мајка на деца.

Прочитајте целосна глава Псалми 113