9. Израелев доме, надевај се на Господа! - Тој е нивни штит и помошник.
10. Аронов доме, надевај се на Господа! Тој е нивни штит и помошник.
11. Почитувачи Господови, надевајте се на Господа! Тој е нивни штит и помошник.
12. Господ ќе си спомни за нас, и Тој ќе нè благослови: ќе го благослови Израелевиот дом, ќе го благослови Ароновиот дом,
13. ќе ги благослови оние, кои се бојат од Господа, и малите и големите.
14. Да ве намножи Господ, вас и вашите синови!
15. Да ве благослови Господ, Кој ги создаде небото и земјата!
16. Небесата се Господови небеса, а земјата им ја даде на човечките синови.
17. Не, мртвите не Го фалат Господа, никој од оние, што слегоа во тишина.
18. Но ние, ние Го славиме Господа, сега и довека. Алилуја!