Стар Завет

Нов Завет

Псалми 119:105-110 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

105. НУН. Твоето слово е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека.

106. Се колнам и одлучувам цврсто, да ги одржам Твоите праведни одлуки.

107. Во голема неволја сум Господи, оживотвори ме според Твоето слово.

108. Прими ги доброволните приноси на мојата уста, Господи, научи ме на Твоите судови.

109. Мојот живот е во постојана гибел, но јас не го заборавам Твојот Закон.

110. Грешниците ми поставија стапица, но не се отклонувам од Твоите наредби.

Прочитајте целосна глава Псалми 119