Стар Завет

Нов Завет

Псалми 119:48-65 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

48. Јас ги подигам рацете кон Твоите заповеди, зашто ги љубам и размислувам за Твоите повелби.

49. ЗАИН. Спомни си за Твоето слово кон Твојот слуга, со кое ми даде надеж.

50. Во неволја Твојот збор ми е сета утеха, тој ми е живот.

51. Гордите ме напаѓаат жестоко; но јас не отстапувам од Твојот Закон.

52. Се сеќавам, о Господи, за Твоите дамнешни пресуди и тоа ме утешува.

53. Гнев ме опфаќа заради грешниците, што го напуштаат Твојот Закон!

54. Твоите повелби ми се песна, во земјата низ која патувам.

55. Ноќе си спомнувам, Господи, за Твоето име, и го чувам Твојот Закон.

56. Еве што е мојата желба: да ги чувам Твоите повелби.

57. ХЕТ. Мој дел е, Господ - реков - да ги пазам Твоите зборови.

58. Го барав Твоето лице со сето мое срце, помилувај ме според Твоето слово.

59. Размислував за своите патишта и ги насочив нозете кон Твоите сведоштва.

60. Побрзав и не се двоумам да ги чувам Твоите заповеди.

61. Ме сплеткаа јажињата на грешниците, но јас не го заборавам Твојот Закон.

62. Станувам, на полноќ, за да Те славам, заради Твоите праведни одлуки.

63. Пријател сум им на сите, што се бојат од Тебе и што ги чуваат Твоите наредби.

64. Господи, земјата е полна со Твојата милост, научи ме на Твоите повелби.

65. ТЕТ. Господи, му стори добро на Твојот слуга, според Твојот збор.

Прочитајте целосна глава Псалми 119