Стар Завет

Нов Завет

Псалми 119:73-78 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

73. ЈОД. Твоите раце ме направија и ме создадоа; вразуми ме за да ги научам Твоите заповеди.

74. Оние кои се бојат од Тебе се веселат кога ќе ме видат, зашто јас се надевам на Твојот збор.

75. Знам, о Господи, дека Твоите судови се праведни, и според верноста Твоја Ти ме измачи.

76. Твојата љубов нека ми биде тешителка, според ветувањето што му го даде на Твојот слуга.

77. Нека дојде врз мене Твојата милост, и јас ќе живеам, зашто Твојот Закон е моја наслада.

78. Нека се збунат гордите, зашто ме угнетуваат за ништо, а јас ќе размислувам за Твоите наредби.

Прочитајте целосна глава Псалми 119