Стар Завет

Нов Завет

Псалми 124:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давидова песна за воздигање. Ако не беше Господ со нас - нека рече Израел -

2. ако не беше Господ со нас, кога се кренаа луѓето против нас,

3. ќе нè проголтаа живи. Кога пламна нивната јарост против нас,

4. водата ќе нè издавеше, поројот ќе нè одвлечеше,

5. здивените води ќе нè потопеа сите.

6. Благословен да е Господ, Кој не нè даде за плен на нивните заби!

7. Нашата душа избега како птица од примката на ловецот: примката се скина, а ние се избавивме!

8. Нашата помош е во Името на Господа, Кој ги создаде небото и земјата.

Прочитајте целосна глава Псалми 124