Стар Завет

Нов Завет

Псалми 138:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давидов псалм. Те славам Господи, со сето срце свое;

2. се поклонувам пред Твојот свет Храм. Го славам Твоето име за Твојата милост и вистина, зашто го возвеличи Твоето слово, повисоко од Своето име.

3. Кога Те повикав, Ти ме послуша, ја ободри мојата душа.

4. Нека Ти благодарат Господи, сите земски цареви, кога ќе ги чујат зборовите на Твојата уста.

5. Нека ги воспеат Господовите патишта: „Вистина, величествена е Господовата слава!”

6. Вистина, Господ е возвишен, но гледа на смирените, а гордоста ја познава оддалеку.

7. Кога ќе чекорам низ неволји, чувај ми го животот, испружи ја раката против гневот на моите непријатели; нека ме спаси Твојата десница!

8. Господ ќе го доврши своето дело во мене! Господи, вечна е Твојата љубов: не оставај го делото на Твоите раце!

Прочитајте целосна глава Псалми 138