Стар Завет

Нов Завет

Псалми 140:7-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Господи, мој Господи, мој силен Спасителе, засолни ми ја главата во денот на бој!”

8. Не оставај да се исполни желбата на злотворот, не оставај тој да ги изврши своите намери, за да не се издигне!

9. Нека не подигнат глава оние што ме опколија, нека падне врз нив злобата на нивните усни!

10. Нека паѓаат врз нив распалени јаглења, нека паднат во јами, за да не станат повеќе!

11. Клеветникот не ќе се одржи на земјата, несреќата ќе го грабне одненадеж насилникот.

12. Знам дека Господ ќе му даде право на бедниот и правда на сиромашниот.

13. Навистина, праведните ќе го слават Твоето име, непорочните ќе престојуваат пред Твоето лице.

Прочитајте целосна глава Псалми 140