Стар Завет

Нов Завет

Псалми 150:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Слава на Бога! Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод!

2. Фалете Го заради Неговите силни дела, Фалете Го заради Неговата бескрајна величина!

3. Фалете Го со звуците на рогот, Фалете Го со псалтир и лира,

4. Фалете Го со игра и тапанче, Фалете Го со жичани инструменти и кавал,

5. Фалете Го со звучни кимвали, Фалете Го со воскликнувачки кимвали!

6. Сè што дише - Нека Го фали Господа! Алилуја!

Прочитајте целосна глава Псалми 150