Стар Завет

Нов Завет

Псалми 16:5-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Господ е дел на моето наследство и мојата чаша. Ти го запазуваш моето достоинство.

6. Мојот дел зафати пријатни места; да, добив прекрасно наследство!

7. Го благословувам Господа, Кој ме вразумува; па и ноќе моето срце ме советува.

8. Господ ми е секогаш пред очите; бидејќи ми е од десната страна, нема да се сопнам.

9. Затоа ми се зарадува срцето и се развесели мојата слава, а моето тело се одмора во надеж.

10. Зашто нема да ја оставиш мојата душа во Подземјето, ниту ќе дозволиш твојот светец да види гниење.

11. Ќе ми го покажеш патот на животот, во Твоето присуство има полнота на радоста, десно од Тебе - вечно блаженство.

Прочитајте целосна глава Псалми 16