Стар Завет

Нов Завет

Псалми 20:4-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Да ти даде според желбата на твоето срце, и да ги исполни сите твои намери!

5. Ќе се радуваме за твоето спасение, во името на нашиот Бог ќе ги дигнеме знамињата. Господ да ги исполни сите твои молби!

6. Сега знам дека Господ го избавува Својот помазаник, го слуша од Своето свето небо, со спасителна сила на Својата десница.

7. Едни се фалат со бојните коли, други со коњите; но ние во Името на Господа, нашиот Бог!

8. Тие се сопнуваат и паѓаат, а ние станавме и стоиме.

9. Господи, подари му победа на царот, послушај нè во денот кога ќе Те повикаме.

Прочитајте целосна глава Псалми 20