Стар Завет

Нов Завет

Псалми 22:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За хоровиот началник, според „Кошута во зора.” Давидов псалм. Боже мој, Боже мој, зошто ме остави? Далеку си од моето спасение, од зборовите на моето офкање.

2. Боже мој, викам дење, но не одговараш; и ноќе но немам мир.

3. Но Ти си Свет, Надеж Израелева!

4. Нашите татковци се надеваа на Тебе, се надеваа и Ти ги избави;

5. кон Тебе викаа и се спасуваа, на Тебе се надеваа и не се засрамија.

6. А јас сум црв, а не човек, срам за луѓето и презрен од народот.

7. Сите што ме гледаат, ми се потсмеваат, ги растегат усните, мавтаат со главата и велат:

8. „Тој се надева на Господа, нека го избави; нека го спаси, ако го милува!”

9. Но, Ти ме извади од утробата, Ти ме смири врз мајчините гради.

Прочитајте целосна глава Псалми 22