Стар Завет

Нов Завет

Псалми 34:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давидов псалм. Кога тој се престори безумен пред Авимелех, кој го истера па така се оддалечи. Ќе Го благословувам Господа во секое време, Неговата пофала секогаш ќе ми биде во устата!

2. Мојата душа ќе се фали со Господа: нека го чујат тоа скромните и нека се радуваат!

3. Величајте Го Господа со мене, заедно да Го возвишиме Неговото име!

4. Го барав Господа и Тој ме послуша, ме избави од сите мои стравови.

5. Погледнаа во Него и им светна пред очите, и не ќе се засрамат лицата нивни!

6. Бедниот вика, и Господ го чу, го избави од сите негови неволји.

7. Господов ангел се настанува околу оние што се бојат од Него, и ги избавува.

8. Вкусете и видете колку е добар Господ: блажен е човекот, кој се надева на Него!

9. Бојте се од Господа, вие Негови свети, зашто нема скудност за оние што се бојат од Него.

10. Младите лавови трпат беда и гладуваат, а кои Го бараат Господа не трпат оскудица.

11. Дојдете, чеда, и послушајте ме, ќе ве научам на страв од Господа.

Прочитајте целосна глава Псалми 34