Стар Завет

Нов Завет

Псалми 38:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давидов псалм. Господи, не ме изобличувај во Твојата јарост и не ме казнувај во Твојот гнев.

2. Твоите стрели се закачија во мене, Твојата рака ме притисна тешко.

3. На моето тело нема ништо здраво заради Твојот гнев, од моите гревови нема мир за моите коски.

4. Зашто беззаконијата на мојата глава ме надвишија, ме притиснуваат како претешко бреме.

5. Моите рани смрдат и гнојат заради мојата безумност.

6. Се згрбавив и се собрав, постојано скитам натажен.

7. Зашто мојата внатрешност гори, и нема здравје во телото мое.

8. Исцрпен сум и сосем сотрен, офкам од плачот на моето срце.

9. О, Господи, сите мои желби се пред Тебе, и моите повици не Ти се скриени.

10. Моето срце удира силно, силата ме остава, и гасне светлината на очниот вид.

Прочитајте целосна глава Псалми 38