Стар Завет

Нов Завет

Псалми 38:10-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Моето срце удира силно, силата ме остава, и гасне светлината на очниот вид.

11. Пријателите и другарите се отстранија од моите рани, и моите најблиски стојат далеку.

12. Ми поставуваат стапици, оние кои ми го дебнат животот, кои ми сакаат несреќа, ми се закануваат со пропаст и секогаш смислуваат измама.

13. А јас сум како глув и ништо не слушам и како нем, уста не отворам.

14. Станав како човек што не слуша и кој нема одговор во устата.

15. Зашто, о, Господи, на Тебе се надевам, Ти ќе ме услишиш, Господи, Боже мој!

16. Зашто реков: „Нека не се радуваат над мене; кога ногата ќе ми се сопне, нека не се креваат над мене!”

17. Зашто не пропаднав за малку, и мојата болка секогаш е пред мене.

18. Јас ги признавам своите беззаконија, и полн сум со жалост заради својот грев.

19. А кои се против мене, без причина силни се, и мнозина се што ме мразат неправедно.

Прочитајте целосна глава Псалми 38