Стар Завет

Нов Завет

Псалми 44:8-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Се фалевме со Бога во секое доба и Твоето име го славевме секогаш.

9. А сега нè отфрли и нè засрами, и повеќе не излегуваш, Боже со нашите чети.

10. Ти остави да се повлечеме пред непријателите, и нè ограбија нашите мразители.

11. Нè даде како овци за колење, и нè растури меѓу народите.

12. Го продаде Својот народ за ништо, и не се збогати со продажбата.

13. Нè направи за срам меѓу нашите соседи, смеа и играчка за оние околу нас.

14. Засрамени сме меѓу народите, народите кимнуваат со главата над нас.

15. Мојата срамота секогаш ми е пред очите, и срамот ми го покрива лицето.

16. Заради навредливата врева на подбивачите, заради осветољубивите непријатели.

17. Сè тоа нè снајде иако не Те заборавивме, ниту го изневеривме Твојот Завет,

18. ниту нашето срце се одметна од Тебе, ниту нашата нога се отстрани од Твојот пат,

19. кога нè раздроби во престојувалиштето на шакалите и нè завитка со смртен мрак.

20. Ако го заборавиме името на нашиот Бог, ако ги кренавме рацете кон туѓ бог,

21. зар Бог не би научил за тоа? Зашто Тој ги знае тајните на срцето!

22. Но заради Тебе нè убиваат ден по ден, и ние сме им како овци за колење.

23. Разбуди се! Зошто спиеш Господи? Стани! Не отфрлај нè довека!

24. Зошто го криеш Своето лице, ги забораваш нашата беда и неволја?

Прочитајте целосна глава Псалми 44