Стар Завет

Нов Завет

Псалми 45:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Царските ќерки се меѓу твоите почесни, оддесно ти е царицата во офирско злато.

10. „Слушај ќерко, погледај, прислушни: заборави го својот народ и домот на татка си!

11. Ако ја посака царот твојата убавина, поклони му се скромно, зашто тој е твој господар.

12. Тирската ќерка доаѓа со дар, народните првенци ја бараат твојата наклонетост.”

13. Целата слава на царската ќерка е внатре, нејзините облеки се везени со злато.

Прочитајте целосна глава Псалми 45