Стар Завет

Нов Завет

Псалми 46:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Дојдете, видете ги Господовите дела, какви чуда Тој направи на земјата:

9. Ги прекрати војните до крајот на земјата, ги крши лаковите и ги ломи копјата, ги изгорува колите со оган.

10. Молкнете и знајте дека Јас Сум Бог, возвишен над народите, возвишен над целата земја.

11. Господ на Воинствата е со нас, Јакововиот Бог е наша тврдина!

Прочитајте целосна глава Псалми 46