Стар Завет

Нов Завет

Псалми 50:19-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Својата уста му ја предаде на злото, а твојот јазик плете измами.

20. Во друштво зборуваш против брата си и го клеветиш синот на својата мајка.

21. Сè тоа го правеше, а Јас да молчам? Зар мислиш дека Јас Сум сличен на тебе? Ќе те изобличам и ќе ти го ставам сето тоа пред очи.

22. Сфатете го ова сите вие, кои го заборавивте Бога, да не ве грабнам, и никој не ќе ве избави.

23. Вистински Ме почитува оној што принесува благодарни жртви и на оној кој врви по прави патеки, нему ќе му го покажам Моето спасение.”

Прочитајте целосна глава Псалми 50