Стар Завет

Нов Завет

Псалми 53:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началникот на пејачите, на дувачка (свирка). Давидово учење. Безумникот рече во своето срце: „Нема Бог!” Расипаните прават гнасни беззаконија; никој не прави добро.

2. Бог гледа на човечките синови од небесата, да види има ли некој разумен да Го бара Бога.

3. Но, сите свртија заедно, сите се расипаа; никој не прави добро, нема ниеден.

4. Нема ли да се вразумат тие што прават беззаконие, кои го голтаат мојот народ како да јадат леб? Тие не Го повикуваат Бога.

5. Од страв ќе треперат, каде и страв нема, зашто Бог ќе ги распрсне коските на оние кои војуваат против тебе. И тие ќе се посрамат, зашто Бог ги отфрли.

6. О, нека дојде од Сион спасението за Израел! Кога Бог ќе го врати од пленство Својот народ, ќе се радува Јаков, ќе се весели Израел.

Прочитајте целосна глава Псалми 53