Стар Завет

Нов Завет

Псалми 57:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началникот на пејачите. Не погубувај. Давидово писмо кога тој избега од Саула во пештера. Помилувај ме, Боже, о помилувај ме, зашто мојата душа се надева на Тебе. Се засолнувам под сенката на Твоите крилја, додека не мине гибелта.

2. Викам кон Сèвишниот Бог, кон Бога кој ми исполни сè.

3. Нека испрати од небесата и нека ме спаси, нека ги засрами оние, што ме гонат: нека ја испрати Бог Својата милост и вистина.

4. Лежам среде лавовите, што ги голтаат човечките синови. Забите им се копја и стрели, а јазикот им е наострен меч.

5. Возвиши се, Боже, над небесата, Твојата слава нека е над целата земја!

6. Наместија мрежи за моите стапки, ја стиснаа мојата душа; ископаа јама пред мене, и сами паднаа во неа.

Прочитајте целосна глава Псалми 57