Стар Завет

Нов Завет

Псалми 6:2-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Смилувај ми се, Господи, зашто сум изнемоштен, Господи, исцели ме, зашто моите коски треперат.

3. Исто и мојата душа е силно потресена; а Ти Господи до кога?

4. Врати се, Господи, избави ми ја душата; спаси ме заради Твојата милост,

5. зашто во смртта не спомнуваат за Тебе; кој ќе Те слави во Подземјето?

6. Се заморив од своите воздишки; секоја ноќ ја залевам со плачење својата постела; со солзи го натопувам своето легло.

7. Моето око гасне и слабее од жалост, зашто се многу моите непријатели.

8. Отстапете од мене сите, што правите беззаконие зашто Господ го чу мојот плач.

9. Господ ја чу мојата молба; Господ ја прими мојата молитва!

10. Нека се засрамат и нека се збунат сите мои непријатели; нека се вратат назад, нека се засрамат веднаш!

Прочитајте целосна глава Псалми 6