Стар Завет

Нов Завет

Псалми 73:17-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. сè додека не најдов влез во Божјото Светилиште, и го согледав каков им е свршетокот.

18. Навистина, Ти ги поставуваш на лизгава патека, ги обрнуваш во пропаст!

19. Како одеднаш, тие стигнаа во запустување, погинаа, исчезнаа од ужаси!

20. Како што човекот го презира сонот, кога ќе се разбуди, така Господи, ќе го презреш нивниот лик, штом станеш.

21. Кога мојата душа беше јадосана, а бубрезите прободени,

22. Бев безумник без разбирање, како животинче пред Тебе.

23. Но отсега секогаш ќе бидам со Тебе, зашто Ти ја прифати мојата десница:

24. ќе ме водиш според Твојот совет, за да ме земеш потоа во Својата слава.

25. Кого имам јас на небо, освен Тебе? Кога сум со Тебе, ништо не сакам на земјата.

26. Премалени ми се телото и срцето: Стено на моето срце, и мое наследство, о Боже, довека!

27. Вистина, ќе пропаднат оние, што се оддалечуваат од Тебе, го истребуваш секој, што ќе Те изневери.

28. А за мене милина е да бидам во Божја близина, да имам свое засолниште во Тебе, Господи Боже. Ќе ги проповедам сите Твои дела.

Прочитајте целосна глава Псалми 73