Стар Завет

Нов Завет

Псалми 74:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Асафово учење. Боже зошто нè отфрли засекогаш, зошто врие Твојот гнев против овците на Твоето пасиште?

2. Спомни си за собранието што го придоби одамна, племињата што ги искупи како Свое наследство, и Сионските Планини, каде што си Се населил.

3. Зачекори кон вечните урнатини; непријателот разори сè во Светилиштето.

4. Твоите противници викаа на средина на Твоето собрание, своите знаци ги поставија како знаци на победата.

5. Беа како оние што мавтаат со секира по густи шуми.

6. И сега со секира и чекан ги кршеа резбите.

Прочитајте целосна глава Псалми 74