Стар Завет

Нов Завет

Псалми 74:12-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Но, Бог е мој Цар од древноста, Тој, Кој спасува среде земјата!

13. Ти, со Својата сила, го расече морето, ги смачка главите на морските чудовишта, во водите.

14. Ти му ги скрши главите на Левијатана! Го даде за храна на народите пустински.

15. Ти овозможи да потечат извор и буица, Ти ги пресуши непресушливите реки.

16. Денот е Твој и ноќта е Твоја, Ти ги зацврсти месечината и сонцето;

17. Ти ги создаде сите граници на земјата, Ти ги создаде летото и зимата.

18. Спомни си за ова: Господи, непријателите Ти се потсмеваа, и безумен народ го похули Твоето име.

19. Не предавај му го на јастребот животот на грлицата Твоја, и не заборавај го никогаш животот на Твоите сиромаси!

20. Погледај на Својот Завет, зашто темните катчиња на земјата се полни со живеалишта на насилства.

21. Не оставај угнетуваниот да замине засрамен: нека бедниот и немоќниот Го фалат Твоето име!

22. Стани, Боже, заземи се за Своето дело, спомни си за навредата што безумникот Ти ја нанесува секој ден.

23. Не заборавај го гласот на Своите непријатели: вревата на бунтовниците уште се крева кон Тебе!

Прочитајте целосна глава Псалми 74