1. Асафов псалм. Бог стои во соборот на боговите, одржува суд среде боговите.
2. „До кога ќе судите неправедно, ќе им одите на рака на безбожниците?
3. Заштитувајте ги: бедниот и сирачето, дајте им правда на јадникот и сиромашниот!
4. Избавете го измачуваниот и слабиот, истргајте го од безбожни раце!”
5. Не сфаќаат ниту разбираат, одат во темнина: сите основи на земјата се разлулеани.
6. Навистина реков: „Вие сте богови и сите сте синови на Сèвишниот!”
7. Но ќе умрете како сите луѓе, ќе паднете како секој од големите!”
8. Боже, стани и суди ја земјата, зашто Си, со право, Господар на сите народи.