Стар Завет

Нов Завет

Псалми 89:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Учење на Етан Езрахит. За Господовата љубов ќе пеам довека, Твојата вистина ќе ја проповедам низ сите поколенија.

2. Зашто реков: „Мојата љубов е создадена засекогаш!” Својата вистина ја втемели на небото:

3. „Склучив Завет со Својот избраник, Му се заколнав на Својот слуга Давид:

4. ќе го утврдам Твоето потомство довека, ќе го создадам твојот престол за сите родови.”

5. Небесата ги величаат Твоите чудеса, Господи, и Твојата верност во собранието на светите.

6. Зашто кој Му е рамен на Господа во облаците? Кој Му е сличен на Господа меѓу Божјите синови?

7. Бог е стравичен во собранието на светите, велик и страшен за сите околу Себе.

8. Господи, Боже над Воинствата, кој е како Тебе? Силен Си, Господи, и вистината Те опкружува.

9. Ти му заповедаш на бурното море, ја скротуваш силата на неговите бранови;

10. Ти го сосече и го згази Раав, со силна мишка ги распрсна Твоите непријатели.

11. Твои се небесата и Твоја е земјата, Ти го создаде земниот круг и сè што е на него;

Прочитајте целосна глава Псалми 89