4. ќе го утврдам Твоето потомство довека, ќе го создадам твојот престол за сите родови.”
5. Небесата ги величаат Твоите чудеса, Господи, и Твојата верност во собранието на светите.
6. Зашто кој Му е рамен на Господа во облаците? Кој Му е сличен на Господа меѓу Божјите синови?
7. Бог е стравичен во собранието на светите, велик и страшен за сите околу Себе.
8. Господи, Боже над Воинствата, кој е како Тебе? Силен Си, Господи, и вистината Те опкружува.
9. Ти му заповедаш на бурното море, ја скротуваш силата на неговите бранови;
10. Ти го сосече и го згази Раав, со силна мишка ги распрсна Твоите непријатели.
11. Твои се небесата и Твоја е земјата, Ти го создаде земниот круг и сè што е на него;
12. Ти создаде север и југ, Тавор и Ермон се радуваат на Твоето име.
13. Твојата мишка е силна, раката цврста, десницата крената.