Стар Завет

Нов Завет

Псалми 95:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Дојдете, да Му запееме на Господа, да Му воскликнуваме на Тврдината, на Својот Спасител!

2. Да застанеме пред Неговото лице со благодарности, да Му воскликнуваме со песни!

3. Зашто величествен е Господ, нашиот Бог, велик Цар над сите богови.

4. Во Неговите раце се земските длабочини, Негови се планинските височини.

5. Негово е морето, Тој го создаде, и копното, што го направија Неговите раце.

6. Дојдете, да се поклониме и да паднеме, да Му се поклониме на Бога, нашиот Создател.

7. Зашто Тој е наш Бог, а ние народ на Неговото пасиште, овци што Тој ги чува. О послушајте Му го гласот денес:

Прочитајте целосна глава Псалми 95