Стар Завет

Нов Завет

Псалми 96:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пејте Му на Господа нова песна! Пеј Му на Господа цела земјо!

2. Пејте Му на Господа, благословувајте Го Неговото име! Проповедајте го од ден на ден, Неговото спасение,

3. кажувајте им ја на многубошците Неговата слава, на сите народи Неговите чуда.

4. Зашто Господ е велик, предостоен за фалба, пострашен е од сите богови!

5. Ништожни се сите богови на народите. Господ ги создаде небесата!

Прочитајте целосна глава Псалми 96