Стар Завет

Нов Завет

Софонија 1:13-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Нивното богатство ќе биде оставено на грабеж, нивните куќи на запустување. Тие градеа куќи - не ќе живеат во нив; садеа лозја, не ќе пијат вино од нив.”

14. Близу е Господовиот ден, голем! Близу е и доаѓа брзо! Горчлив е гласот на Господовиот ден: тогаш и јунакот ќе заплаче.

15. Тој ден е ден на гнев! Ден на тешкотии и неволји! Ден на ужас и запустување! Ден на мрак и наоблаченост! Ден на темнина и маглишта!

16. Ден на трубење и на бојна викотница против утврдените градови и против високите стражарници.

17. Ќе им ги препуштам луѓето на неволјите и ќе одат како слепци зашто згрешија против Господа, нивната крв ќе се разлее како прав, нивните трупови ќе бидат фрлени како смет.

18. Ни нивното сребро ни нивното злато не ќе ги спаси. Во денот на Господовиот гнев, огнот на Неговата ревност ќе ја изгори сета земја. Зашто тој ќе ги уништи, и тоа наскоро, сите жители на земјата.

Прочитајте целосна глава Софонија 1