Стар Завет

Нов Завет

Судии 11:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Галадецот Јефтај беше храбар војник. Блудница го роди, а татко му беше Галад.

2. Но на Галад и на неговата жена им се родија синови, па кога пораснаа синовите на жената, го избркаа Јефтаја, велејќи му: „Не ќе добиеш наследство од нашиот татко, зашто си син на жена туѓинка.”

3. Затоа Јефтај побегна од своите браќа и се насели во земјата Тов. Таму, околу него се собра група бескуќници, кои пљачкосуваа со него.

4. По некое време Амонците завојуваа против Израел.

Прочитајте целосна глава Судии 11