Стар Завет

Нов Завет

Судии 16:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Оттаму Самсон отиде во Газа; таму виде блудница и влезе при неа.

2. На жителите на Газа им јавија: „Самсон дојде тука!” Го опкружија и го дебнеа цела ноќ при градската врата. Сета ноќ беа притаени. „Да почекаме до зорите - мислеа - па ќе го убиеме.”

3. Но Самсон лежеше само до полноќ, а на полноќ стана, ја грабна градската врата со двата довратника, ги истрга заедно со лостот, ги стави на раменици и ги однесе на врвот на гората што е спроти Хеврон и ги положи таму.

4. Потоа тој се вљуби во една жена од долината на Сорик, по ме Делила.

5. Филистејските кнезови дојдоа при неа и и рекоа: „Заведи го и научи каде стои неговата голема сила, за да можеме да го совладаме па да го врзиме и да го направиме немоќен. А секој од нас ќе ти даде по илјада и сто сребрени сикли.”

6. Делила го праша Самсона: „Кажи ми каде стои твојата голема сила и со што треба да бидеш врзан, за да бидеш совладан.”

7. Самсон и рече: „Ако ме врзат со седум свежи, уште неосушени, жили од лак, ќе станам бессилен и ќе бидам како обичниот човек.”

8. Филистејските кнезови и донесоа на Делила седум свежи уште неосушени жили, и таа го врза со нив.

9. Кај неа во собата имаше заседа, и таа му викна: „Самсоне, ете се Филистејците врз тебе!” Тој ги скина жилите како што се кине колчиште кога ќе се доближи до огнот. И така не научија за неговата сила.

Прочитајте целосна глава Судии 16