Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 43:8-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Го ставија својот праг до Мојот, своите довратници до Моите, така што беше само ѕид меѓу Мене и нив, и го обесветуваа Моето свето име со гнасотиите што ги направија. И затоа ги сотрев во Својот гнев.

9. Сега тие ќе ги отстранат далеку од Мене своето блудствување и труповите на своите цареви, а Јас ќе престојувам засекогаш сред нив.

10. Човечки сине, покажи му го на Израелевиот дом овој Храм за да се засрамат од своите беззаконија. Нека му ги измерат размерите.

11. Ако се засрамат заради сè што направија, опиши им ги Храмот и неговите размери, неговите излези и влезови, сиот негов изглед сите прописи и сите закони; запознај ги и нацртај им, за да видат и да го чуваат и да ги исполнуваат сите негови нацрти и сите прописи за него.

12. А ова е закон за Домот: горе на врвот, сиот простор наоколу, ќе биде најсвета светина.

13. Ова се мерките на жртвеникот, со лакти - а лакотот тука, е лакот и една педа: подножјето на жртвеникот лакот долго, лакот широко; работ со кој е обрабен наоколу - една педа. Височината на жртвеникот:

14. од подножјето на земјата до долниот појас на жртвеникот - два лакта, а во широчина еден лакот; од помалиот појас до поголемиот четири лакти, а во широчина еден лакот.

15. А самиот жртвеник висок четири лакти. А од жртвеникот се дигаат нагоре четири рогови.

16. Жртвеникот: долг дванаесет лакти, широк дванаесет лакти, четириаголен, на сите четири страни.

17. А појасот: четиринаесет лакти долг и четиринаесет лакти широк, на четири страни; неговиот раб наоколу половина лакот, а подножјето околу него наоколу еден лакот; басамаците му гледаат кон исток.”

18. И ми рече: „Човечки сине, Господ Бог зборува вака: ‘Ова се жртвените прописи по кои, во свое време, треба да се подигне жртвеникот, за да се принесуваат на него паленици и за да се прска крв по него.

Прочитајте целосна глава Езекиел 43