Стар Завет

Нов Завет

Исаија 40:27-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Зошто велиш, Јакове, и ти, Израеле, зборуваш: „Мојот пат е скриен за Бога, мојата правда Му избегнува на мојот Бог?”

28. Зар не знаеш? Зар не си чул? Господ е вечен Бог, Творец на земните краишта. Тој не се заморува, не постанува, и Неговиот ум е неизмерлив.

29. На заморениот му ја враќа силата, го зајакнува немоќниот.

30. Младите се заморуваат и се истоштуваат, изнемоштените момчиња се тетерават.

31. Но на оние кои се надеваат во Господа, силата се обновува, им растат крилја како на орлите, трчаат и не постануваат, одат и не се уморуваат.

Прочитајте целосна глава Исаија 40