Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 10:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пцовисаната мува го засмрдува мирисливото масло, а и малку лудост му ја расипува мудроста и честа на чесниот.

2. Срцето на мудрецот е на десната страна, а на глупецот на левата.

3. Достатно е лудиот да тргне на пат: бидејќи нема разум, секому му покажува дека е луд.

4. Ако гневот на владетелот се подигне против тебе, не напуштај го своето место, зашто благоста ги спречува големите престапи.

5. Има зло што го видов под сонцето како престап што доаѓа од владетелот:

6. безумните се издигнуваат на највисоки места, а богатите заземаат ниски положаи.

7. Видов слуги на коњи, а кнезови кои одеа пеш како слуги.

8. Кој копа јама, паѓа во неа; кој разурнува ѕид, змија го каснува.

9. Кој крши камења, тоа го повредува; кој цепи дрва, може да настрада.

10. Кога ќе се затапи железото и неговата острица не е наострена, тогаш треба повеќе сила; а успехот е награда на мудроста.

Прочитајте целосна глава Проповедник 10