1. И ми дојде Господово слово
2. ”Човечки сине, сврти го лицето кон Сирската Гора и пророкувај против неа!
3. Речи и: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве Ме против тебе, Сирска Горо! Ќе ја подигнам раката против тебе и ќе те претворам во запустеност и пустина.
4. Ќе ги разурнам твоите градови, и ќе станеш пустина. И ќе знаеш дека Јас Сум Господ!
5. Вечна омраза гоеше и на меч им ги предаваше Израелевите синови кога ќе им се случеше несреќа и кога ќе им чукаше часот на последниот грев.
6. Затоа, животот Ми Мој - зборува Господ Бог - ќе те предадам на крв и крвта ќе те гони: крвта не ја мразеше, крвта ќе те гони!
7. Од Сирската Гора ќе направам запустеност и пустина, ќе ги истребам од неа и минувачот и повратникот.
8. Нејзините гори ќе ги наполнам со трупови: по твоите брежиња, по твоите долини и по твоите котлини ќе паѓаат покосени од меч.
9. Ќе направам од тебе вечна пустина, твоите градови нема да се населат. И ќе знаете дека Јас Сум Господ!
10. Ти рече: ‘Овие два народа и овие две земји ќе бидат мои; ние ќе ги завладееме, ако и да беше Господ таму!’
11. Затоа, животот Ми Мој - говори Господ Бог - ќе постапам со тебе според гневот и ревноста со кои постапи ти во својата омраза кон нив! Ќе Ме запознаеш по тоа како ќе ти судам!
12. И ќе знаеш дека Јас Господ, ги чув сите твои хули што ги изрече на Израелевите Гори, говорејќи: ‘Запустија, нам ни се дадени за храна!’
13. Се фалевте против Мене, зборувавте против Мене и ги умножувавте зборовите против Мене; Јас чув!”
14. Господ Бог зборува вака: „За радост на сета земја од тебе ќе направам пустина.
15. Како што ти се радуваше дека запусте Израелевото наследство, така ќе направам со тебе: ќе запустееш Сирска Горо, а со тебе и сиот Едом! И ќе знаат дека Јас Сум Господ!”‘