поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48

Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш извика во моите уши со голем глас и рече: „Казна за градот! Приближете се секој со своето гибелно оружје во раката!”

2. И ете, дојдоа шестмина луѓе од горната врата, што се свртени кон север, секој со гибелно оружје во раката. Меѓу нив имаше и еден облечен во ленена облека со писарски прибор во појасот. Тие влегоа и застанаа покрај бронзениот жртвеник.

3. А Славата на Израелевиот Бог се крена од херувот над кој што трепереше, кон прагот на Домот. И го повика човекот облечен во ленено кој имаше писарски прибор во појасот,

4. И Господ му рече: „Помини низ градот Ерусалим и обележи ги со знакот ‘тау’ челата на сите што тажат и плачат заради гнасностите што се прават во него!”

5. А на другите им рече пред моите уши: „Тргнете по него низ градот и убивајте без милосрдие. Вашите очи нека не се сожалат и немајте милост.

6. Погубете ги старците, младинците, девојките децата и жените; истребете ги сите до последниот. Но, врз кого ќе биде знакот ‘тау’ него не го зафаќајте. Почнете од Моето светилиште!” И тие почнаа од старешините, кои што стоеја пред Домот.

7. И им рече: „Обесветете го Мојот Дом и наполнете му го дворот со трупови! Тргнете!” И тие излегоа та почнаа да убиваат низ градот.

8. Додека тие погубуваа, јас останав, се фрлив ничкум и завикав: „Ох Господи, Господи! Зар навистина ќе ги уништиш сите што останаа од Израел, за да го излееш Својот гнев над Ерусалим?”

9. Тој ми рече: „Мошне е големо беззаконието на Израелевиот дом и на Јудиниот дом; земјата е полна со крв, а градот преполн со разврат.” Зборуваат: „Господ ја остави земјата! Господ не гледа!”

10. И затоа Моите очи нема да се сожалат, и нема да им се смилуваат: нивните дела ќе им ги оборам врз главата!

11. И ете, човекот облечен во ленена облека што имаше писарски прибор во појасот, ја јави веста: „Сторив како што ми заповеда!”