поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52
  53. 53
  54. 54
  55. 55
  56. 56
  57. 57
  58. 58
  59. 59
  60. 60
  61. 61
  62. 62
  63. 63
  64. 64
  65. 65
  66. 66

Стар Завет

Нов Завет

Исаија 56 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ зборува вака: „Пазете го правосудството и вршете ја правдата, зашто наскоро ќе дојде Моето спасение и ќе се објави Мојата правда.

2. Блазе му на човекот кој прави така и на синот човечки што се придржува за тоа: кој ја почитува саботата за да не ја онечисти и кој ги чува своите раце од секое зло дело.”

3. Нека синот на туѓинецот, кој се прилепил кон Господа, не зборува: „Господ ќе ме одвои сосем од својот народ.” Нека скопениот не зборува: „Еве, јас сум суво дрво.”

4. Зашто вака зборува Господ: „Со скопените што ги пазат саботите, кои избираат што Ми е мило Мене, и остануваат постојани во Мојот Завет

5. ќе издигнам во Мојата куќа и меѓу Моите ѕидови споменик и име, подобро отколку на синовите и ќерките, ќе им дадам вечно име што не ќе биде истребено.

6. А туѓинските синови, кои се определија за Господа за да Му служат и за да го љубат Господовото Име и за да Му бидат слуги, кои ја почитуваат саботата и не ја онечистуваат и кои се постојани во Мојот Завет,

7. нив ќе ги доведам на Мојата Света Гора и ќе ги развеселам во Мојот Молитвен Дом. Нивните паленици и жртви ќе бидат угодни на Мојот жртвеник, зашто Мојот Дом ќе се нарече Дом на Молитва на сите народи.”

8. Говори Господ Бог, Кој ги собира распрснатите Израелци: „Ќе ги соберам уште покрај оние што веќе се собрани.”

9. Сите полски ѕверови, дојдете да јадете, и вие сите, горски ѕверови!

10. Сите стражари му се слепи, и ништо не сфаќаат. Сите се тие неми пси, не можат да лаат. Сонуваат и дремат, најмило им е да спијат.

11. Тоа се лакоми, ненаситни, кучиња; тоа се пастири без разум: секој се свртува по својот пат, секој по својата печалба.

12. „Дојдете”, велат, „ќе донесам вино; ќе се напиеме жесток пијалак, и утре ќе биде како денес, големо изобилство, преголемо!”